Во период од 8 до 11 мај, 2017 во Скопје се одржаа четири еднодневни работилници за полесно вработување на Ромки и кариерно советување. За време на работилниците над 40 Ромки имаа можност да добијат информации за личните способности што ги поседуваат и како истите да ги искористат при вработување. Идејата на обуките беше: каде да бараат работа т.е. во која дејност/индустрија наспроти нивното образование и вештини и како да се претстават себеси пред работодавач.
Работилниците беа интерактивни, динамични и преку групна работа Ромките симулираа интервју за работа. Вежбите им помогнаа на жените да одредат во која група на работници спаѓаат, дали подобро би работеле во тим или самостојно, дали се насочени повеќе кон извршување на работни задачи или пак за осмислување.
Преку работилниците беа мапирани жени кои имаат желба и можност да се вклучат во следниот циклус обуки за Ромки. После обуките за полесно вработување следува четворомесечна обука за палијативна нега во домашни услови за максимум 20 Ромки, кои подоцна ќе бидат дел од социјалното претпријатие на ХЕРА, НЕГА +.
Работилниците беа одржани во НВО Центар, Младински културен центар – МКЦ, Скопје преку ЕУ проектот Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие.
