Европски мрежи

Споделување добри практики за поддршка и развој на социјалното претприемаштво

Европска мрежа за социјална интеграција на претпријатијата– ЕНСИЕ, Извор:

http://www.ensie.org/

Европска платформа за претставување, одржување и развој на мрежите и федерациите на претпријатијата за

социјална интеграција

Мрежа на социјалното претприемаштво– СЕН

Извор: http://www.socialeconomy.pl/

Мрежа за учење промовирана од раководните власти на Европскиот социјален фонд од девет земји-членки и региони на ЕУ, преку која се разменува знаење и искуства и се споделуваат добри практики со цел да се развие средина за сеопфатна поддршка за социјалните претпријатија преку средства од ЕСФ.
Европска мрежа на градови и региони за социјална економија – РЕВЕС

Извор: http://www.revesnetwork.eu/

Во мрежата РЕВЕС членуваат над 50 локални и регионални власти и територијални организации од социјалната економија од девет земји-членки што промовираат развој на социјалната економија и се залагаат да извлечат корист и да го споделат своето искуство и експертизата преку мрежата. Дополниетлно оваа мрежа ги претставува и промовира заедничките вредности на нејзините членови пред европските институции.
Здружението за креативен развој „Слап“ од Хрватска

 

Извор: http://www.pomakonline.com/

Здружението за креативен развој „Слап“ од Осиек е организација што се занимава со развојни проекти за поттикнување на социјалното вработување, општествено-одговорно работење, меѓусекторската соработка, а преку својот тренинг-центар работи на одржливоста на организациите на граѓанското општество. Во 11-те години работа, успешно се спроведени серија проекти. Во моментов „Слап“ работи на спроведувањето на осум проекти финансирани од различни компоненти на претпристапните фондови ИПА на Европската Унија.
СОС Групацијата од Франција

Извор: http://www.groupe-sos.org; http://www.associations.groupe-sos.org

Преку својата мрежа, Групацијата СОС се занимава со сите форми на социјална сиромаштија, обезбедувајќи широк спектар на активности со кои на многу иновативен начин се комбинираат функциите за застапување и обезбедување добра и услуги во полето на здравството, социјалната заштита, детските права, социјалната и професионалната инклузија, домувањето за работниците со ниски приходи, одржливиот развој и фер трговија.