| Социјална економија во Европа извор:
http://www.socialeconomy.eu.org/ |
Претставничка институција за социјалната економија на ниво на ЕУ. Целта и е да ги промовира социјалните и економските придобивки од социјално-економските претпријатија и организации, да ја унапредува улогата и вредностите на сите учесници во социјалната економија во Европа. |
| Европската конфедерација на кооперативите и други претпријатија
во сопственост на вработените (CECOP), извор: http://www.cecop.coop/ |
Европска конфедерација на кооперативите и други претпријатија во сопственост на вработените што се активни во индустријата, услужниот сектор, занаетчиството. Членки се 25 национални
федерации од 16 земји-членки на ЕУ. |
| Кооперативи Европа | Мрежа на задруги во Европа, во која се претставени 91 членка од 35 европски земји од сите бизнис-сектори што го промовираат бизнис моделот на кооперативи во Европа. |
| Европска федерација на етички и алтернативни банки – ФЕБЕА | Европска мрежа на организации во кои членуваат 25 етички и алтернативни банки, штедилници и кооперативи за кредитирање, компании за социјални инвестиции и фондации, која обезбедува платформа за размена и споделување искуства и за создавање алатки што ќе поттикнат зголемување на иницијативите во полето на алтернативното финансирање. |
| Европски центар за фондации
извор: http://www.efc.be |
Европско здружение на над 230 фондации и корпоративни фондови. Неговата цел е да се зајакне независниот финансирачки сектор на европската филантропија. |
| Ашока (Ashoka)
извор: www.ashoka.org |
Ашока е меѓународна непрофитна организација која ги поддржува водечките социјални претприемачи преку поддршка за развој на бизнисот и олеснување на пристапот до финансиски средства. Ашока во моментов работи во 70 земји низ целиот свет (во 17 земји-членки на ЕУ) и ја поддржува работата на над 2. 000 (225 во ЕУ) социјални претприемачи, избрани како „Стипендисти на Ашока“. |
| Креативна лабораторија Грамин | Заеднички потфат меѓу Центарот Јунус од Бангладеш и ЦИРЦ одгoворност, консултантска фирма за корпоративна општествена одговорност во Германија, со мисија да се забрза социјалниот бизнис преку зголемување на свеста, развивање на капацитетите на социјалните претприемачи и советување на јавните и корпоративните инвеститори во формирањето заеднички потфати и финансиски инструменти за создавање и развој на социјални претпријатија. |
