НОВ ЦИКЛУС ОБУКИ
После обуките за полесно вработување и кариерно советување следуваат нови можности за Ромките од Скопје. Идејата е 20 Ромки од Скопје да се стекнат со базични и професионални вештина за негувателки на старите и изнемоштени лица во домашни услови. Обуката ќе ја спроведе здружението Хуманост преку ангажирање стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство.
Програмата вклучува теоретска и практична настава. Главна цел на програмата е Ромките да стекнат знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.
Програмата е составена од 4 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:
- Помага во одржување на домот;
- Помага на старите лица во секојдневните активности;
- Применува основни здравствени и ергономски правила и процедури;
- Овозможува психолошка и социјална поддршка на старите лица и применува правна заштита.
Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно- теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување или дневен престој на стари лица.
Времетраењето на програмата е 400 часа од кои 140 часа часа се теорија, 240 часа припаѓаат на практична обука и 20 часа се наменети за оценување. Периодот на реализација на Програма „Негувателка на стари лица“ е 4 месеци. По успешно завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат „Негувателка на стари лица“.
По завршување на обуката кандидатот се стекнува со професионални компетенции и треба да:
– Подготвува работно место,
– Набавува и приготвува храна,
– Мести кревет и одржува постелнината и облеката,
– Пишува извештаи за извршената работа,
– Помага при одржување на лична хигиена,
– Подготвува оброци и помага при хранење,
– Помага при облекување,
– Помага при транспорт и престој надвор од домот,
– Идентификува основни симптоми на болести карактеристични кај стари лица,
– Поседува основни познавања за инфекции и изведува правилно дезинфекција,
– Превзема активности при постоење на болест кај стари лица по налог од стручно лице (лекар, медицинска сестра),
– Помага при набавка и примање на редовна терапија на лицата,
– Помога во прилагодување на положбата на лицето во ергономска смисла,
– Користи заштитни средства и опрема,
– Применува прописи од системот на социјалната заштита на старите лица;
– Воочува промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризиците од злоупотреба и заболување;
– Поттикнува оддржување на интелектуални , когнитивните и моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица – Комуницира правилно и работи тимски.
Жените кои успешно ја поминале наставата ќе се стекнат со валиден Сертификат за работа. Дел од Ромките, подоцна ќе се вклучат во социјалното претпријатие на ХЕРА, НЕГА + со цел да се вработат.
Пријавување на Ромки
Критериуми за пријавување / Општ профил на учесници:
- невработени Ромки,
- завршено најмалку основно образование,
- да се мотивирани и подготвени да ги унапредат своите знаења и вештини во грижа и нега за стари и изнемоштени лица во домашни услови,
- да се на возраст меѓу 18 и 50 години,
- да се во можност да присуствуваат во текот на целата обука;
СИТЕ РОМКИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ И ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА ОБУКИТЕ кај
Драгана Каровска Чемерска
или на тел. +38923290395
