Во периодот од 14 до 17 март 2017 година, во Скопје, во просториите на ЕУ Инфо Центар се одржаa 4 ИНФО ДЕНОВИ на темата „Социјалното претприемништво и граѓанските организации“.
Целта на Инфо сесиите беше да се даде можност на граѓанските здруженија да се вклучат во процесот на вработување на лица од маргинализираните заедници со акцент на работоспособни Ромки.
На сесиите беше промовиран ПРИРАЧНИК ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО што содржи информации за поддршка на граѓанските организации во однос на КРЕИРАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА.
Гостин на настаните беше авторката на прирачникот којашто во своето обраќање даде краток осврт за историјата на социјалното претприемништво, модели на социјални претпријатија и нови чекори за start-up бизниси.
Освен промоција на прирачникот, граѓанските организации добија можност директно да се вклучат во проектот преку пријавување за учество на ОБУКИ ЗА КРЕИРАЊЕ СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ. Исто така организациите кои работат на ромски прашања имаа можност да пријават кандидатки за професионално оспособување на Ромки за палијативна нега на стари лица во домашни услови.
Настаните беа посетени од 50 претставници од граѓанскиот сектор кои изразија интерес за понатамошна соработка.
Настаните се организирани од страна на Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамките на ЕУ проектот „Зајакнување на Ромките преку создавање на социјално претпријатие“. Целта на проектот е да се придонесе кон вработување на Ромките во Скопје, преку создавање на социјално претпријатие.
