20 Ромки од Скопје ќе се стекнат со професионални вештини за Негувателки на стари и изнемоштени лица во домашни услови

Невработена си? Имаш завршено најмалку основно образование? Сакаш да работиш но немаш диплома?

Пријави се на БЕСПЛАТНИТЕ ОБУКИ за Ромки ЗА НЕГУВАТЕЛКИ НА СТАРИ ЛИЦА на 02 329 0395!

После обуката те чека шанса за ВРАБОТУВАЊЕ ВО СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ  НЕГА +.

Програма за Негувателки на стари лица

Главна цел на програмата е да стекнете со знаења и вештини за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини не се во можност да се грижат за себе.

Програмата е составена од 4 дела/модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:

  1. Помага во одржување на домот;
  2. Помага на старите лица во секојдневните активности;
  3. Применува основни здравствени и ергономски правила и процедури;
  4. Овозможува психолошка и социјална поддршка на старите лица и применува правна заштита.

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно- теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување или дневен престој на стари лица.

Времетраењето на програмата е 400 часа од кои 140 часа часа се теорија, 240 часа припаѓаат на практична обука и 20 часа се наменети за оценување. Периодот на реализација на Програма „Негувателка на стари лица“ е 4 месеци. По успешно завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат „Негувателка на стари лица“.

По завршување на обуката кандидатот се стекнува со професионални компетенции и треба да:

– Подготвува работно место,

– Набавува и приготвува храна,

– Мести кревет и одржува постелнината и облеката,

– Пишува извештаи за извршената работа,

– Помага при одржување на лична хигиена,

– Подготвува оброци и помага при хранење,

– Помага при облекување,

– Помага при транспорт и престој надвор од домот,

– Идентификува основни симптоми на болести карактеристични кај стари лица,

– Поседува основни познавања за инфекции и изведува правилно дезинфекција,

– Превзема активности при постоење на болест кај стари лица по налог од стручно лице (лекар, медицинска сестра),

– Помага при набавка и примање на редовна терапија на лицата,

– Помога во прилагодување на положбата на лицето во ергономска смисла,

– Користи заштитни средства и опрема,

– Применува прописи од системот на социјалната заштита на старите лица;

– Воочува промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризиците од злоупотреба и заболување;

– Поттикнува оддржување на интелектуални , когнитивните и моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица – Комуницира правилно и работи тимски.

Жените кои успешно ја поминале наставата ќе се стекнат со валиден Сертификат/Диплома за работа. Дел од Ромките, подоцна ќе се вклучат во социјалното претпријатие на ХЕРА, НЕГА + со цел да се вработат.

Критериуми за пријавување / Општ профил на учесници:

  • невработени Ромки,
  • завршено најмалку основно образование,
  • да се мотивирани и подготвени да ги унапредат своите знаења и вештини во грижа и нега за стари и изнемоштени лица во домашни услови,
  • да се на возраст меѓу 18 и 50 години,
  • да се во можност да присуствуваат во текот на целата обука;

СИТЕ РОМКИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ И ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА БЕСПЛАТНИТЕ ОБУКИТЕ кај Драгана Каровска Чемерска dragana.karovska@hera.org.mk; или на тел. +389 2 3290 395