НЕГА + Професионална грижа на стари лица во домашни услови

После 4 месечна работа, НЕГА +, социјалното претпријатие за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, официјално го доби својот професионален кадар!

Десете жени кои беа дел од процесот успешно го положија тестот за Негувателки на стари лица и се стекнаа со Сертификат за работа (сертификат бр. 11-6903/4, Министерство за образование и наука; Сертификат бр. 09-218/4, Центар за образование на возрасни).                 На 5.10.2017 следува свечено доделување на Сертификатите. Честитки до дамите.