Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани. Во литературата, како и во правната легислатива во Македонија, нема консензус за тоа што претставува социјалното претприемништво, кои се моделите што се најсоодветни и применливи во Македонија, ниту постои подетална економска анализа во кои индустрии потенцијално треба да развиваме социјални претпријатија во иднина, кои би биле во согласност со побарувачката на локалниот пазар, за да бидат претпријатијата долгорочно одржливи.

Повеќе информации: Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија