Социјално претприемничките активности (СПА) односно креирањето и спроведувањето на економски активности на една непрофитна организација (здружение, училиште или задруга ) како и начинот на делување се одвива преку деловен (бизнис) план на социјалното претпријатие т.н. социјален бизнис план (СБП). Кога и да се почне да се размислува за економски активности, порано или покасно организациите ќе дојдат во фаза кога ќе им биде потребен план со посебна структура и елементи на делување, заокружен со посебен финансиски план. Креирањето на бизнис план е една од најважните задачи при било какво отпочнување со СП активности. Како се одвива процесот на креирање, така и произлегуваат сите прашања, сите нејаснотии, па дури и проблеми за кои можеби никогаш не се помислило и доколку не се разгледуваат на време, истите можат во иднина да предизвикаат сериозни нарушувања внатре во организациите.
Социјалниот бизнис план (СБП) не е совршен модел за успех, но следејќи ги насоките во него, преставува сигурна гаранција и подобра шанса за успех на вашиот деловен/економски опфат во организацијата. Патот до успехот започнува со бизнис планот.
Се издвојуваат 3 клучни критериуми за достигнување на успехот:
– Сите инволвирани лица да ги оценат сопствените сили и да изнајдат начин на надминување на недостатоците
– Идејата/концептот на економско делување и пазарот да имаат неопходен потенцијал за развој, а организацијата да поседува претходно искуство со пазарот.
-Да се обезбедат доволно финансиски средства и услови на почетокот, за да се покрие недостатокот од обртен капитал што се јавува во раната фаза од делувањето.
Социјалниот бизнис план е водич кон успехот преку описот на тоа: што се произведува/спроведува, колку тоа ќе ја чини организацијата, на кого ќе се продаде и по која цена, колкава „добивка“ се остварува, кој друг на пазарот го нуди тоа, како вашиот деловен план ќе конкурира на пазарот и како воопшто ќе се развие. За да се заокружи гаранцијата за подобар успех од особена важност е финансискиот план, бидејќи тој како најзначаен дел од бизнис планот, дава преглед на состојбата врз основа на бројки (квантитативни показатели), и дава можност за донесување одлука за исплатливоста или неисплатливоста на превземање на економски активности во организацијата.
Клучни прашања и задачи во развој на еден социјален бизнис план
1.Која е позадината на твоето социјално претпријатие и на овој план?
2.Кои се твоите предности, слабости, можности и закани?
3.Која е потребата на која твоите идеи ќе се фокусираат ?
- Што сакате да правите?
- Кои се очекуваните производи и услуги, и кој се’ е вклучен?
- Како ќе го направите тоа што сакате да го направите?
- Колку финансии ви се потребни и како ќе се надгледуваат?
- Како ќе ја следите социјалната вредност што ја создавате ?
- Какви цели и планови имате?
- Некои завршни согледувања
|
Структура на бизнис план за социјално претпријатие:
|
Превземено од: Водич за развој на социјални претпријатија во Република Македонија, Автор: Зоран Стојковски, април 2016.
