Регулативи и политики

Правна рамка за основање на социјално претпријатие во Македонија

Избор на најдобра законска рамка за вашето социјално претпријатие

За да се разбере правната, институционалната и политичката рамка во Македонија, важно е да се има предвид поимот „социјално претпријатие“како и концептите на социјалната економија што не се дефинирани во ниедна правна рамка. Но, сепак, има можност постојната правна легислатива да се искористи за формирање на социјални претпријатија.

И покрај недостатокот на солидна концептуална, правна, институционална и политичка рамка, социјалните претпријатија со години се развиваат во различни правни форми според: Законот за заштитни друштва, Законот за задругите, Законот за здруженијата на граѓани и фондациите, Законот за трговските друштва итн. Се среќаваат и како друштва со ограничена одговорност.

Подолу накратко се опишани сите закони што можат да бидат правно искористени за формирање на социјални претпријатија во постојната правна легислатива во Македонија.

Во изминатиот период имаше јавна дебата за Предлог-законот за социјално претприемаштво. Анализата на работната верзија на Законот покажа дека ќе го поттикне развојот на социјалното претприемаштво; статусот и управувањето на организациите и лицата што ги водат, ќе бидат регулирани.

Сепак, имаше мислења дека Законот нема да одговори на потребите на ранливите групи и ќе биде злоупотребуван од профитните и/или непрофитните субјекти поради фискалните бенефиции што се нудат. Тој веќе беше злоупотребен.

Во останатите земји во Европа, (Италија, Франција, а подоцна и Хрватска) праксата покажала дека е потребно прво да се формира маса на социјални претпријатија согласно со потребите на територијата на која дејствуваат, па подоцна да се направи соодветен закон.

Во земјите во Европа, што се успешни во развојот и поддршката на социјалните претпријатија, регулирањето на законската легислатива доаѓа по 10-20 години пракса во социјалното претприемаштво.

Различни форми на социјални претпријатија може да се креираат во рамките на постојната македонска законска легислатива. Подолу во скратена форма се презентирани  овие хетерогени и фрагментирани рамки што можат да се искористат како основа за правно регулирање на социјалните претпријатија.

За засновање на социјални претпријатија може да ја користите следнава законска легислатива:
Бр. Македонски закони Придобивки Предизвици
1. Законот за здруженија и фондации Целата добивка треба да се инвестира во социјална мисија Инвеститорите не се мотивирани да инвестираат ако нема распределба на остварената добивка
2. Законот за трговските друштва Инвеститорите се мотивирани да инвестираат зашто може да добијат дел од добивката Како ќе се направи распредалбата на добивката, колку проценти ќе се инвестираат во социјалната мисија
3. Законот за земјоделски задруги Со здружувањето се заштедуваат многу од фиксните трошоци кај социјалните претпријатија Заедничкото работење може да биде предизвик за многу засегнати страни во социјалните задруги
Дополнителни закони што може да ги користите да ви ја олеснат работата во социјалното претпријатие
4. Законот за волонтерство Може да се искористи во првата фаза на развој на социјалното претпријатие додека не се обезбедат доволни ресурси за да се платат ангажираните лица Доколку социјалното претпријатие за одредено време не оствари одредени приходи самите волонтери ќе се демотивираат за подолгорочен ангажман
5. Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности Може да се искористи за финансирање на активности поврзани со социјалната мисија Користењето на донации и спонзорства бара дополнителен ангажман и време
6. Законот за локална самоуправа Може да предвиди одредени бенефиции за социјалните претпријатија, како бесплатен простор, финансирање на одредени социјални активности како поддршка на лица од ранливи категории во заедницата Самата регулатива да биде рестриктивна во поддршката само на одредени економски сектори и предодредена ранлива група
7. Законот за социјална заштита Може да предвиди одредени бенефиции за социјалните претпријатија, како финансирање на одредени социјални активности како поддршка на лица од ранливи категории во заедницата Самата регулатива да биде рестриктивна во поддршката на предодредена ранлива група
Останати национални документи на кои може да се повикате
8. Националната стратегија за вработување (2015) и Календарот за активни мерки (2014) Може да искористите дел од мерките за

нововработените во вашите социјални претпријатија

Има одредени пенали доколку не се испочитуваат мерките
9. Оперативен план за спроведување на активните мерки за вработување 2012-2013 во Македонија (Министерство за труд и социјална политика) Може да искористите дел од мерките за

нововработените во вашите социјални претпријатија

Има одредени пенали доколку не се испочитуваат мерките
10. Програмата за конкурентност, иновации и претприемаштво (Министерство за економија) Може да искористите дел од мерките доколку имате иновативен концепт Поголем административен товар на самото социјално претпријатие
11. Акционен план за вработување на младите, Преглед на напредок (2013) (Министерство за труд и социјална политика) Може да искористите дел од мерките за

нововработените во вашите социјални претпријатија

Има одредени пенали доколку не се испочитуваат мерките
12. Програма за субвенционирање за вработување на лица-корисници на социјална помош (Министерство за труд и социјална политика, 2013)
13. Акционен план за намалување на сивата економија во Македонија за 2014 година (Министерство за труд и социјална политика)