Што е социјално претприемништво?
-
Дефинирање на социјалното претприемништво
Социјално претприемништво преставува комбинација од иновации, снаодливост и можности за решавање на важни општествени предизвици.
Социјалните претприемачи се фокусираат на промена на системи и практики кои се главна причина за сиромаштија, маргинализација и влошување на животната средина, надополнети со губење на човековото достоинство. Правејќи го тоа, тие можат да основаат непрофитни или профитни организации но во секој случај, нивна примарна цел е да креираат одржливи системски промени.
Клучните концепти на социјално претприемништво се иновација, пазарна ориентација и системски промени.
-
Кои се социјални претприемачи?
социјален (прид.) – друштвен, општествен,
претприемач (именка. м.) – бизнисмен , менаџер
Социјалниот претприемач преставува агент за социјални промени: пионер во иновациите од кои бенифит има општеството/човештвото.
Социјалните претприемачи се двигатели на промените. Тие, заедно со институциите, мрежите и заедниците создаваат решенија кои се ефикасни, одржлив, транспарентни и со мерливи импакт.
Заеднички способности на социјалните претприемачи:
- Имаат мисија да создадат и одржат општествена/социјална вредност (не само комерцијална вредност),
- Ги препознаваат и неуморно работат на отворање нови можности кои ќе и служат на социјалната мисија,
- Се вклучаат во процес на континуирана иновација, адаптација и учење,
- Дејствуваат смело без да бидат ограничени од моменталните ресурси со што располагаат, и
- Покажуваат зголемено чувство на одговорност кон целната група на која и служи и кон постигнатите резултати.
(Од “Значењето на социјално претприемништво” Грег Дис, 1998)
Што не претставува социјално претприемништво?
Филантропи
Успешна бизнис жена или маж, после пензионирањето, одлучува да им помогне на помалку привилегираните во општеството и “возврати.” За да го стори тоа, тој / таа формира фондација за поддршка на образованието во раното детство и формира болници во сиромашните земји.
Таквиот човек/жена е филантроп кој создал добротворна организација.
Филантропите се од круцијална важност во и за општеството – и многу од нив даваат поддршка на социјалните дејности. Но, не треба да се побрка филантропската великодушност со социјалното претприемништво.
Активисти
Страстен активист за правата на животните, во рана возраст почнува да волонтира во граѓанско здружение за лобирање против лов на китови. Потоа, тој / таа работи на бојкотирање текстилни фирми кои користат крзно од фоки бебиња за изработка на зимски палта. Како возрасен, основа организација “Бамби” со цел прибирање средства за лобирање за заштита за правата на лабораториските животни. Ова лице – активист работи на вршење притисок на креаторите на политики и јавноста со цел да се спречи одредена пракса. Други алтернативи не се понудени.
Активисти ни требаат – но тие не се социјални претприемачи.
Компании со Фондација
Тоа се социјално-одговорни бизниси што во себе ги имаат вградено корпоративната култура и социјалната одговорност како основна дејност.
Би било добро да има повеќе вакви компании со фондации– но нивниот приоритет сепак е заработка на пари за нивните акционери. Фондациите не се пример за практика на социјалното претприемништво, во кое стекнувањето вредност му се подредува на преобразувањето на социјалните услови и животната средина како цел.
