За партнерите

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е формирана во јануари 2000 година. На почетоците ХЕРА во својот фокус ја имаше превенцијата од ХИВ, како и поддршката на лицата кои што живеат со ХИВ.  Набрзо потоа ХЕРА ја препознава потребата од промовирање на концептот за сексуалното и репродуктивното здравjе и права како сеопфатен пристап.

ХЕРА се води целосно од својата мисија, која е утврдена со Стратешката рамка (2014-2017), како и со останатите политики:

ХЕРА се залага за унапредување на човековите права на сите луѓе во областа на сексуалното  и репродуктивно здравје, засновани на принципите на социјална правда и родова еднаквост притоа користејќи стратегии на застапување, обезбедување на образование и услуги и континуиран и системски развој и истражување.

Според Статутот, највисоко тело е Собранието кое избира Управен одбор, кој што раководи со работењетo на оранизацијата. Управниот одбор функционира според Деловникот за работа. Вработените пак во извршната канцеларија ги спроведуваат активностите и ги имплементираат проектите.

За сите наши активности може да се информирате преку официјалната страна на Х.Е.Р.А. https://hera.org.mk/.


Општина Центар

Општината Центар е единица на локалната самоуправа, во која граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа. Правото на локална самоуправа се остварува преку преставници во органите на општината и со непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, на начин и постапка утврдени со закон.

Општината самостојно, во рамките на законот и Статутот ги уредува и врши работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа, или друг закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

Надлежности, односно работи од јавен интерес од локално значење на општините во градот Скопје се:

  1. Планирање и уредување на просторот
  2. Заштита на животната средина и природата
  3. Локален економски развој
  4. Комунални дејности
  5. Култура
  6. Образование
  7. Социјална и детска заштита
  8. Здравствена заштита
  9. Заштита и спасување
  10. Надзор

На 33-та седница, одржана на 25.12.2014 година, Советот на Општина Центар – Скопје, ја донесе на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар – Скопје.

Основна цел на оваа Програма е развој на интегриран, транспарентен и ефективен систем на социјална и здравствена заштита кој ќе обезбеди достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги креирани според потребите на корисниците кои живеат на територијата на Општина Центар.

Една од активностите планирани во рамките на оваа програма е Отворање на Сервис за стари лица. Имајќи ја предвид статистиката која вели дека во Општина Центар околу 20% од населението се граѓани на возраст над 65 години, разбирлива е потребата на Општината да реализира активности кои се конкретно насочени кон овие граѓани.

Активностите на Општината се во согласност со активностите предвидени во Националната Стратегијата за стари лица: – Да се обезбеди континуирана грижа за стари лица, во следниве сегменти:

  • Дневно опслужување на основните потреби на овие граѓани
  • Обезбедување на примарна медицинска помош и медицински совети

Целна група:

Лица – жители на Општина Центар, на возраст над 65 години

Оттука Општина Центар се вклучува како партнер во проектот преку давање институционална/локална помош и поддршка со цел зајакнување на вонинституционалната заштита преку развивање на постојните и воведување на нови видови социјални услуги согласно со потребите на граѓаните, како и унапредување на начините за обезбедување и нивно доставување.


Групација СОС

Групацијата СОС е најголема групација на социјални претпријатија и промовирање на практиките на социјалната економија, не само во Франција, туку и во цела Европа. Во 2011 година, над 1 милион француски граѓани имале придобивки од нејзините услуги. Групацијата СОС има 10.000 вработени што работат во 44 социјални претпријатија и 300 други организации во Франција и во други земји со обрт на средства од 750 милиони евра. Главни администратори на Групацијата СОС се три засновачки здруженија: Prévention et Soin des Addictions, Habitat et Soins, и Insertion et Alternatives. Групацијата СОС е наш партнер во проектната програма „Зајакнување на Ромките преку засновање на социјално претпријатие“, поддржан од Европската комисија.

Преку својата мрежа, Групацијата СОС се занимава со сите форми на социјална сиромаштија, обезбедувајќи широк спектар активности со кои на многу иновативен начин се комбинираат функциите за застапување и обезбедување добра и услуги во полето на здравството, социјалната заштита, детските права, социјалната и професионалната инклузија, домувањето за работниците со ниски приходи, одржливиот развој и фер трговија. Со цел да може да управува со овие разновидни активности, Групацијата СОС е организирана во три различни оддели: социјални и здравствени услуги, образовни програми и бизниси со социјален интерес. Овие оддели добиваат поддршка од две организации: кооперативата за недвижен имот „Алтерна“ и групацијата со економски интерес (ЕИГ), „Алијанс жестион“. ЕИГ обезбедува вештини за професионален менаџмент на социјалните бизниси, овозможувајќи им да се концентрираат на нивните основни активности. Тоа вклучува: човечки ресурси, сметководство, комуникации, мобилизација на средства, право, финансии, маркетинг, купување итн. Важна карактеристика на бизнис моделот на Групацијата СОС е да ги проширува своите активности преку сеопфатен и иновативен пристап. Токму заради тоа, Групацијата СОС постојано ги идентификува главните социјални потреби и успева да формулира пионерски решенија, користејќи метод што се состои од претворање на традиционалните бизнис-алатки во алатки за непрофитни и социјално-економски активности.

Извор: http://www.groupe-sos.org; http://www.associations.groupe-sos.org