За нас

Досегашните напори да се намали сиромаштијата не се доволни и остануваат сериозен проблем, особено за Ромите и лицата со хендикеп. Во 2015 година нивното учество на пазарот на труд е на многу ниско ниво 52%, особено меѓу жените на возраст од 15 до 64 години. Законот за Aнти – дискриминација се уште не е усогласен со европските легислативи и политики додека пак механизмите за спроведување на законот не се доволно зајакнати. Речиси 29% од невработените лица во урбаните области се од скопскиот регион. Долгорочната невработеност и малото учество на жените Ромки на пазарот на трудот се причина за голема загриженост.

Според Државниот завод за статистика во 2000 година 76% (9.776 од 13.364) од работоспособната ромска популација биле невработени, додека 80% (3868 на 4821) од ромската женска работна сила биле невработени. Тоа е двојно повеќе од стапката на невработени жени во државата воопшто.

Генерално, се уште се распространети сегрегацијата, стереотипите и други форми на дискриминација. Најголем дел од Ромите се невработени, немаат соодветна здравствена заштита, живеат во несоодветни услови и се социјално исклучени.

Националниот буџет наменет за програмата на пазарот на трудот е мал. Агенцијата за вработување има тешкотии со спроведување на активните мерки на пазарот на трудот. Мониторингот и евалуацијата на тековната програма на пазарот на труд е слаб и се базира само на основниот квантитативен аналитички пристап. Механизмот за пријавување на нееднаков третман не функционира соодветно, а е под капата на Министерство за труд и социјална политика. Во Секторот за еднакви можности, на Министерството за труд и социјална политика, недостасуваат соодветни човекови и финансиски ресурси.

Овој проект овозможува поттикнување на вработувањето и активно вклучување на жените Ромки како едни од најзагрозените и во најлоша положба во однос на пазарот на трудот. Акцијата се однесува на еден од најголемите предизвици на жените Ромки – невработеноста, поточно подобрување на економската благосостојба на жените Ромки во Скопје преку создавање на социјално претпријатие. Имено овој проект, исто така, имаат специфична цел да вклучи иновативен пристап прилагоден на потребите на жените Ромки и развој на можностите за вработување, преку создавање на социјално претпријатие.

Акцијата поддржува вклучување на Ромите на пазарот на труд, градење на институционалните капацитети на локално ниво и вмрежување на клучните заинтересирани страни (партнер на ЕУ, локалните власти и ГО). Целта е да се мотивираат и подготват клучните чинители за поддршка во отворање на социјално претпријатие преку практични интервенции во донесувањето на политики за социјално претприемништво и стратегија за инвестирање со што ќе се овозможи поволна правна и финансиска околина за вработување на Ромите,  преку  создавање  на социјално претпријатие. Покрај тоа, активностите во рамките на овој проект ќе се промовираат преку локалната самоуправа со што ќе се подобрат врските помеѓу граѓаните, локалните власти и други засегнати страни.

Проектот за економското јакнење на Ромките преку создавање социјално претпријатие е процес кој ќе интегрира партнери од локалните  власти, невладиниот сектор и професионална  мрежа  за  социјални  претпријатија  за  заедничко  справување  со  невработеноста на Ромките од Скопје. Приоритет на програмата е да се работи на зајакнување на граѓанските организации кои работ со Роми на локално ниво и да им се даде поддршка за отворање на социјално претпријатие со цел вработување на лица од заедницата.

Идејата е да се создаде локална политика за развоја на социјални претпријатија со цел да се стимулира понатамошната соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор. Исто така ќе се развие инвестициска стратегија што ќе го стимулира развојот на социјалното претприемништво и ќе мобилизира ресурси преку нудење социјални услуги за во иднина.

Повеќе информации тука