За претпријатието

„Нега Плус“ е социјално претпријатие од Скопје  основано од страна на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. и истото нуди услуги за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови. Во основата на работењето на „Нега Плус“ лежи и социјална и економска мисија.

Социјална мисија:  „Нега плус“ има мисија да се подобри економската и личната благосостојба на жените Ромки, како една од социјално и економски најисклучената категорија на граѓани во Скопје преку нивно обучување и вработување.

Економска мисија:  „Нега Плус“ има мисија да оствари профит преку продажба на своите услуги кој единствено ќе се користи за остварување на целите на Х.Е.Р.А..

 Зошто треба да ги користиш  услугите на „Нега Плус“:

  • Директно придонесуваш кон подобрување на економската и личната благосостојба на Ромките во Скопје преку градење и подобрување на нивните деловни и животни вештини, овозможувајќи им пристап на пазарите, со цел да заработат дополнителни приходи на достоинствен начин.
  • Гарантира професионалност во работењето на Ромките каде сите вработени поседуваат сертификат од задолжителното следење на програмата за едукација и допрофесионализација со бр. 11-6903/4, лиценцирана  од страна на Министерството за образование и наука.
  • Нуди доверба и гаранција на квалитет преку редовно следење на квалитетот на услугите;
  • Услугите ги добивате во домашни услови со што го задржувате домашниот комодитет и секогаш имате увид во нивниот квалитет на испорака;
  • Отворени сме за вашата критика, препорака и забелешка за целокупната наша работа бидејќи се стремиме кон поголема професионалност и подобар третман на лицата на кои им е потребна грижа и нега во домашни услови;