Какви социјални претпријатија постојат во Југоисточна Европа?
Примери на инспиративни социјални претпријатија што вработуваат лица од ранливи категории во регионот:
Социјално претпријатие во Хрватска што вработува жени со специјални потреби: – Акт Конто формирано во 2009 година што овозможува сметководствени услуги на граѓански организации и спроведување финансиска обука како да управуваат и да менаџираат со финансиските средства. Сите вработени во претпријатието се жени со специјални потреби и нивниот профит го реинвестираат во едукација и јакнење на жени со специјални потреби и нивно вработување нa пазарот на трудот во Хрватска. Секоја втора година овозможуваат нови вработувања за жени со специјални потреби.
Повеќе информации може да видите на: http://act-konto.hr/wordpress/
Социјално претпријатие во Србија што вработува бегалци и внатрешнораселени лица: во рамките на приватната Групација Визијан формирано е социјалното претпријатие „Зелено и чисто“ – пакет за обезбедување услуги за чистење, градинарство и мали поправки. Таа се грижи за менаџментот, маркетингот, работата и финансиите, препознатливите брендови на сервисот, а вработените се бегалци и внатрешнораселени лица, но и припадници на други ранливи групи. Откако „Зелено и чисто“ ќе стане независно, основачот има намера да ја пренесе сопственоста на компанијата на вработените. Во моментов „Зелено и чисто“ е мала компанија со пет вработени лица. Добивкат на Групацијата Визијан не се дели на основачите, туку се користи за отпочнување нови бизниси и понатамошна едукација на вработените за да ги подобрат своите професионални квалификации и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
Повеќе информации можете да најдете на: www.greenandclean.rs или www.biziangrupa.rs.
Сoцијално претпријатие во Тирана, Албанија што вработува долгорочно невработени лица: Дизајнирано од Пана (Design by Pana), создадено е во ноември во 2013 година. По деветмесечни истражувања и студии на локалниот пазар во Тирана, Пана заедно со татко и одлучила да заснова социјално претпријатие што ќе нуди решенија за ентериери, мебел и други декоративни додатоци – од фазата на дизајнирање, па сè до фазата на испорака, вклучувајќи ја и поддршката за потрошувачите. Вработува долгорочно невработени постари лица што немаат никаква можност за вработување на пазарот на трудот. Суровините што ги користат се: рециклирано дрво, стари палети и отпад. Трите принципи што ја опфаќаат нивната стратегија за социјално претпријатие се:
– да имаат сопствен дизајн и производство
– да вработуваат луѓе од маргинализираните групи
– да имаат екологистички пристап.
Повеќе информации можете да најдете на: http://www.designbypana.com/
Социјално претпријатие во Косово што вработува жени Ромки: Sa-Punë е регистрирано како претпријатие во 2012 година и неговите производи се произведени од жените од Ромските, Ашкали и египетските заедници во општините: Косово Поле, Исток и Пеќ. Линијата на еколошки производи вклучува рачно изработени сапуни со маслиново масло, чанти, свеќници, декоративни и тегли за бонбони, беџови од тапи, накит направен од рециклирана ролна хартија, ракотворби од волнена облека. Услов за партнерство и вработување на жените Ромки во ова социјално претпријатие е да ги мотивираат и редовно да ги испраќаат своите деца на училиште. Целиот профит од продажбата на еколошките производи се распределува на дваесет и една жена како партнери во социјалното претпријатие.
Пред сè, главната цел на овој проект била да им овозможи на овие жени економски да зајакнат и да ги образуваат своите деца. Како резултат на напорната работа и посветеноста на жените Ромки во социјалното претпријатие се отвораат можности нивните деца да одат на училиште и да инвестираат во посветла иднина за себе.
Повеќе информации може да најдете на: http://kosovosapune.wordpress.com/
