Оваа страница е наменета за сите оние кои сакаат да помогнат на маргинализираните заедници а при тоа да основаат бизниси. Тука ќе најдете информации за тоа како преку социјална мисија до социјални претпријатија.
Сите активности споделени на ова страница се организирани од страна на Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамките на ЕУ проектот „Зајакнување на Ромките преку создавање на социјално претпријатие“. Целта на проектот е да се придонесе кон вработување на Ромките во Скопје, преку создавање на социјално претпријатие.
Со акцијата ќе даде се поддршка на Ромките во насока на зголемување на нивната економска независност преку градење и развивање на нивните работни и животни вештини како и преку обезбедување можности за пристап до вработување, со цел да станат независни и финансиски помоќни. Проектот содржи социјални и претприемачки елементи од една страна, но вклучува и елементи на посветеност, креативност, флексибилност од друга. Акцијата нуди безбедни и алтернативни форми за остварување приходи.
Следете нè и вклучете се во процесот на креирање социјални претпријатија.
