Споделување добри практики за поддршка и развој на социјалното претприемаштво
| Европска мрежа за социјална интеграција на претпријатијата– ЕНСИЕ, Извор: | Европска платформа за претставување, одржување и развој на мрежите и федерациите на претпријатијата за
социјална интеграција |
| Мрежа на социјалното претприемаштво– СЕН
Извор: http://www.socialeconomy.pl/ |
Мрежа за учење промовирана од раководните власти на Европскиот социјален фонд од девет земји-членки и региони на ЕУ, преку која се разменува знаење и искуства и се споделуваат добри практики со цел да се развие средина за сеопфатна поддршка за социјалните претпријатија преку средства од ЕСФ. |
| Европска мрежа на градови и региони за социјална економија – РЕВЕС
Извор: http://www.revesnetwork.eu/ |
Во мрежата РЕВЕС членуваат над 50 локални и регионални власти и територијални организации од социјалната економија од девет земји-членки што промовираат развој на социјалната економија и се залагаат да извлечат корист и да го споделат своето искуство и експертизата преку мрежата. Дополниетлно оваа мрежа ги претставува и промовира заедничките вредности на нејзините членови пред европските институции. |
| Здружението за креативен развој „Слап“ од Хрватска
Извор: http://www.pomakonline.com/ |
Здружението за креативен развој „Слап“ од Осиек е организација што се занимава со развојни проекти за поттикнување на социјалното вработување, општествено-одговорно работење, меѓусекторската соработка, а преку својот тренинг-центар работи на одржливоста на организациите на граѓанското општество. Во 11-те години работа, успешно се спроведени серија проекти. Во моментов „Слап“ работи на спроведувањето на осум проекти финансирани од различни компоненти на претпристапните фондови ИПА на Европската Унија. |
| СОС Групацијата од Франција
Извор: http://www.groupe-sos.org; http://www.associations.groupe-sos.org |
Преку својата мрежа, Групацијата СОС се занимава со сите форми на социјална сиромаштија, обезбедувајќи широк спектар на активности со кои на многу иновативен начин се комбинираат функциите за застапување и обезбедување добра и услуги во полето на здравството, социјалната заштита, детските права, социјалната и професионалната инклузија, домувањето за работниците со ниски приходи, одржливиот развој и фер трговија. |
