РАЗВОЈ НА БИЗНИС ПЛАН ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Социјално претприемничките активности (СПА) односно креирањето и спроведувањето на економски активности на една непрофитна организација (здружение, училиште или задруга ) како и начинот на делување се одвива преку деловен (бизнис) план на социјалното претпријатие т.н. социјален бизнис план (СБП). Кога и да се почне да се размислува за економски активности, порано или покасно организациите ќе дојдат во фаза кога ќе им биде потребен план со посебна структура и елементи на делување, заокружен со посебен финансиски план. Креирањето на бизнис план е една од најважните задачи при било какво отпочнување со СП активности. Како се одвива процесот на креирање, така и произлегуваат сите прашања, сите нејаснотии, па дури и проблеми за кои можеби никогаш не се помислило и доколку не се разгледуваат на време, истите можат во иднина да предизвикаат сериозни нарушувања внатре во организациите.

Социјалниот бизнис план (СБП) не е совршен модел за успех, но следејќи ги насоките во него, преставува сигурна гаранција и подобра шанса за успех на вашиот деловен/економски опфат во организацијата. Патот до успехот започнува со бизнис планот.

Се издвојуваат 3 клучни критериуми за достигнување на успехот:

– Сите инволвирани лица да ги оценат сопствените сили и да изнајдат начин на надминување на недостатоците

– Идејата/концептот на економско делување и пазарот да имаат неопходен потенцијал за развој, а организацијата да поседува претходно искуство со пазарот.

-Да се обезбедат доволно финансиски средства и услови на почетокот, за да се покрие недостатокот од обртен капитал што се јавува во раната фаза од делувањето.

Социјалниот бизнис план е водич кон успехот преку описот на тоа: што се произведува/спроведува, колку тоа ќе ја чини организацијата, на кого ќе се продаде и по која цена, колкава „добивка“ се остварува, кој друг на пазарот го нуди тоа, како вашиот деловен план ќе конкурира на пазарот и како воопшто ќе се развие. За да се заокружи гаранцијата за подобар успех од особена важност е финансискиот план, бидејќи тој како најзначаен дел од бизнис планот, дава преглед на состојбата врз основа на бројки (квантитативни показатели), и дава можност за донесување одлука за исплатливоста или неисплатливоста на превземање на економски активности во организацијата.

Клучни прашања и задачи во развој на еден социјален бизнис план

1.Која е позадината на твоето социјално претпријатие и на овој план?

2.Кои се твоите предности, слабости, можности и закани?

3.Која е потребата на која твоите идеи ќе се фокусираат ?

  1. Што сакате да правите?
  2. Кои се очекуваните производи и услуги, и кој се’ е вклучен?
  3. Како ќе го направите тоа што сакате да го направите?
  4. Колку финансии ви се потребни и како ќе се надгледуваат?
  5. Како ќе ја следите социјалната вредност што ја создавате ?
  6. Какви цели и планови имате?
  7. Некои завршни согледувања

Структура на бизнис план за социјално претпријатие:

  • Извршно резиме
  • Позадина
  • Докажување на социјална потреба
  • Визија и мисија
  • Анализа на засегнати страни
  • Организациска структура
  • Пазар
  • Добавувачи
  • Опрема
  • Финансии
  • Мерење на социјалната вредност
  • План за работа и целни групи

Превземено од: Водич за развој на социјални претпријатија во Република Македонија, Автор: Зоран Стојковски, април 2016.