Обуки за невладини организации за креирање социјални претпријатија

Во периодот од 13 до 16 јуни 2017 година, во Скопје, ќе се одржат 4 еднодневни обуки за основање на социјални претпријатија во рамки на ЕУ проектот „Зајакнување на Ромките преку основање социјално претпријатие“. Целта на обуките е да се даде можност на граѓанските здруженија да се вклучат во процесот на креирање социјални бизниси за маргинализирани заедници. Акцентот ќе биде ставен на ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА Ромките и нивно вклучување на пазарот на трудот преку основање на социјални претпријатија.

За време и по обуките кандидатите ќе се стекнат со информации за правната рамка за креирање ваков тип бизниси, ќе работат на развивање на бизнис-канвас модел и разработка на бизнис план, ќе добијат он лајн менторство од врвни експерти, промоција на 20 социјални претпријатија, прирачник за основање на социјално претпријатие и можности за финансирање во иднина.

За таа цел би сакале да ве поканиме да учествувате на бесплатните обуки преку номинирање на еден претставник од вашата организација. Секоја организација има можност да избере датум на кој би сакале да присуствуваат. За организациите надвор од Скопје сместувањето и патните трошоци се покриени од страна на донаторот. За локацијата и времето на започнување на настаните ќе бидете дополнително и навремено известени. Краен рок за номинирање претставници: 5 јуни 2017 година.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА ОБУКИТЕ кај Драгана Каровска Чемерска dragana.karovska@hera.org.mk; или на тел. +38923290395